Филе ја повика СДСМ да се врати во Парламентот

Комесарот за проширување на Еворпската унија, Штефан Филе, на денешната средба со лидерскиот двоец на СДСМ, Зоран Заев и Рдмила Шеќеринска во Брисел, побарал од најголемата опозициска партија во Република Македонија да се врати во Парламентот.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, во соопштението што го лиферуваше кабинетот на Филе по утринската средба, еврокомесарот ја повикал опозицијата да се вклучи во работата на Собранието, како најдобар начин за решавање на проблемите и да придонесе за неопходните реформи во земјата.

„Комесарот Филе ја повика опозицијата да се вклучи во работа на Парламентот, како најдобар начин за решавање на проблемите и да придонесе за реформите неопходни за земјата. Напуштањето на демократските институции ги слабее истите, а силни демократски институции се во интерес на земјата“, се наведува во соопштението на Европската комисија.

Во соопштението на неформалната Влада на Европската унија, во однос на средбата Филе-Заев-Шеќеринска, се потврдува дека по неодамнешните избори во земјата, тие разговарале за повторените препораките на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР во однос на пристрасното медиумско покривање и недостатокот на поделба меѓу државата и партиски активности. Тоа го посочи и СДСМ во своето соопштение од оваа средба, со оглед на тоа што Заев и Шеќеринска одбија да дадат изјава за дописникот на МИА од Брисел.

„Во овој контекст, комесарот истакна дека новата влада има јасна одговорност за решавање на овие недостатоци, како и на оние што во неколку наврати се посочуваат во извештаите за напредокот на земајта на Еврокомисијата и тоа како прашање на итност“, се наведува во соопштението од кабинетот на Филе.