Филе поддржува прием на Украина, Молдавија и Грузија во ЕУ

Филе, како што пренесоа медиумите, истовремено повика на институционални и политички промени во европскиот блок, кој ќе овозможи проширување на Унијата и подлабока интеграција.

„Ако навистина сакаме да ги трансформираме земјите од Источна Европа, мораме да ја користиме најмоќната алатка што за таа промена ја имаме на располагање – а тоа е проширувањето“, вели Филе.

Тој, додаде дека европската перспектива во источноевропските земји и покрај сите услови кои со тоа се поставени, е најдобриот поттик за неопходните реформи, пренесе МИА.

„Пред неколку месеци, земјите од ЕУ изјавија дека Спогодбата за асоцијација со Украина не е крајната цел на нашата соработка. Мислам дека овој став треба да важи и за источните соседни земји, кои како Грузија и Молдавија ќе го потпишат Договорот за асоцијација со ЕУ“,  изјави чешкиот еврокомесар.

Тој, исто така повика на внатрешни реформи во Унијата, за да може  европскиот блок да ги прифати новите членки.

Филе подржува и создавање на нови политички и институционални рамки кои ќе овозможуваат континуитет во политиката за проширување заедно со подлабока интеграција.

Комесарот Филе сака ЕУ да се смени во „повеќеслојна“ заедница и во Европа со повеќе брзини.

Спогодбата за асоцијација и други трговски договори, Молдавија и Грузија ќе ги потпишат на 27 јуни. Истиот ден, таков договор треба да потпише и Украина, но Киев сега настојува економскиот дел од Спогодбата за асоцијација да го парафира пред тој датум.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.