Македонија

Филе: Признавањето на Косово не е услов Србија да стане членка на ЕУ

Филе: Признавањето на Косово не е услов Србија да стане членка на ЕУ

Европскиот комесар за проширување, Штефан Филе, изјавил дека признавањето на Косово не е услов Србија да стане членка на Европската унија, пишува денеска приштинскиот весник „Косова Сот“.

Филе рекол дека таквиот услов не и’ поставен на Србија и потсетил дека критериумите за членство на сите земји се мошне јасни.

Филе ги повика Белград и Приштина да вложат напори и да ги надминат разликите заради примена на Бриселскиот договор и изразил уверување дека премиерите Ивица Дачиќ и Хашим Тачи ќе најдат решение.