Филе загрижен поради забраната на „Твитер“ во Турција

Европскиот комесар за проширување и европска политика, Штефан Филе изјавилдека е сериозно загрижена поради оневозможување на на социјалната мрежа „Твитер“, на територијата на Турција, пренесоа „Газета.ру“.

Турција го блокира пристапот до оваа социјална мрежа, откако премиерот на земјата, Реџеп Таип Ердоган истакна дека социјалната мрежа „мора да биде искоренета“ .

„Можноста за слободна комуникација и слободно одбирање на средствата за тоа се фундаментални европски вредности“, напишал еврокомесарот Филе во порака на својот официјален профи, токму на социјалната мрежа „Твитер“.

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган го укинува „Твитер“ бидејќи обвиненијата за корупција во неговиот најтесен круг се шират по социјалните мрежи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.