Филевски: Демонстрантите го сквернавеа она што е најсвето на една земја и народ

Не стивнуваат осудите кон лицата кои насилно протестираа и уништија споменици и институции. Таквиот чин е неприфатлив и несвојствен за Македонец кој си ја сака татковината. Сопственикот на спортската обложувалница Златна Копачка, Антонио Филевски, силно и недвосмислено ги осудува насилните напади и сквернавењето на културните знаменитости од страна на демонстрантите, кои со боја, тврди предмети и погрдни зборови ги уништија спомениците во центарот на Скопје, пишува „Курир“.

Сакам најостро да ги осудам оние кои насилно протестираа како и нивните поддржувачи, сквернавеа она што е најсвето на една земја и на еден народ. Сквернавење на она што го направиле нашите баби и дедовци, нашите великани, нашата историја. Тоа не е дозволиво за Македонци. Тоа го прават едни млади луѓе кои се заведени и платени кои сакаат да направат хаос на улиците на Скопје и низ Македонија. Меѓутоа, народот, голем дел од народот тоа не го поддржува и владее големо незадоволство кај народот за ова нивно вандалско однесување, вели Филевски за „Курир“.

И еве самите може да видите, вели тој, зарем е можно да ги сквернават мајките на децата од Егејска Македонија кои ги избркале фашистите, нашите великани НОБ кои им ја донесоа слободата, нашите илинденци?

-Зарем е можно Македонци да палат сопствено знаме? Тоа значи дека не се Македонци, патриоти. Тие се нечии слуги. Потоа да палат канцеларија на институцијата претседател, да палат слики до претседателот. Значи тука се работи за туѓо сценарио и туѓи интереси и голем дел од народот во Македонија тоа не го поддржува, вели Филевски.

За него е несфатливо, исто така, како можат млади девојки да им се обраќаат на полицајците и да ги колнат со зборовите „Да ви се случи Дива Населба“, кога благодарение на нив тие сега се движат слободно и мирно спијат. Некој го жртвувал животот за нив како граѓани, за потоа тие да сквернават споменици, на кои е испишана македонската историја.