Филип Еванс го постави ајварот на мапата на специјалитети во светот

Еден пoмалку познат Балкански продукт беше претставен на глобалниот пазар од страна на Британскиот шеф на кујна Филип Еванс. Главниот адут на оставата, правен на Балканот уште од времето на Александар Велики, беше лансиран во Велика Британија.

Овој претприемач го извезува својот премиум рецепт „ајвар“, специјалитет од црвени пиперки, произведен во Македонија, во 13 земји ширум светот.

Еванс првпат се сретнал со производот кога се преселил во Македонија со неговата сопруга Ана во 2009 година, откако таа прифатила работа во една невладина организација, пишува британскиот „Телеграф“.

Ајварот е домашен специјалитет во земјите на Балканот и многу семејства имаат рецепти кои се предаваат од генерација на генерација.

„Секоја тетка го прави најдобриот вариетет на ајварот“, вели тој. „Луѓето се толку многу страствени во врска со таа работа таму“.

Го избрал името „Пелагонија“, архаичното име за Македонија, за да го произведува овој специјалитет, заедно со една палета други македонски производи, откако се здобил со вниманието на купувач од Веитроус на едно шоу за храна во 2011 година.  „Сфатив дека во регионот има многу квалитетна храна која му е сосема непозната на светот“, вели тој.

Неговиот „аивар“ (aivar), сега е на полиците во повеќе од 200 Веитрос продавници (Waitrose) во Велика Британија, а исто така е достапен да се купи и во Окадо како и повеќе од 300 независни продавници и трговци со деликатеси.

„Го испуштивме „ј“ за да луѓето правилно го изговараат“, вели тој.

Еванс се надева дека ќе го рекреира феноменот на „хумоус“ (humous), вели тој. Овој производ за првпат бил воведен во Велика Британија на крајот на осудемтесеттите години. „Денес 25 отсто од домаќинствата во Велика Британија го имаат во своите ладилници“, вели тој. „Други категории како песто, маслинки и сушени домати станаа навистина големи. Ова ќе биде исто толку големо“

Конкурентните производители на ајвар постојат, како што е хрватскиот гигант „Подравка“, но Еванс е фокусиран кон премиум пазарот. „Подравка продава само на дијаспората од Балканот. Ние ќе го направиме интернационално јадење на средната класа“, вели Еванс.

Велика Британија е најголемиот пазар на „Пелагонија“, но нивните производи можат да се најдат во 13 други земји, од Дубаи до Норвешка.

Приходите на „Пелагонија“ пораснаа за 76 отсто минатата година и се предвидува дека ќе пораснат дупло во 2014 година. „Го имавме Џејми Оливер и Отоленги да прикажат рецепти за нашиот ајвар, и тоа беше одлично за продажбата“, вели Еванс.

Откако ги освоија западните пазари, следен на списокот на Еванс е Азија. „Ако можеме да продаваме во Велика Британија, можеме да извезуваме секаде“ вели тој. „Овој регионален специјалитет никогаш не го нашол своето место во светот- досега“