Спорт

Филип Јиха убеден во победа над Македонија

Филип Јиха убеден во победа над Македонија

Со натпреварите од А и Б групите денеска ќе стартува 11. Европско првенство во ракомет во Данска. Македонската репрезентација ќе има чест да го отвори шампионатот, откако вечерва во 20.30 часот во Хернинг ќе ги одмери силите со домаќинот Данска.

Од оваа група покрај овој натпревар ќе се одигра и мечот меѓу селекциите на Чешка и Австрија, кои се наши најголеми конкуренти за пламан во вториот круг на првенството. Чесите и Австриците се убедени дека ќе влезат во вториот круг, а за тоа најдобро говори изјавата на најдобриот чешки ракометар Филип Јиха.

“Задоволен сум од седумдневните интензивни подготовки. Теоретски, ние сме подготвени повеќе од било кога порано и сега можам да ја ставам својата рака во оган за нашиот тим, кој, според моето мислење, има капацитет да ги совлада Австрија и Македонија. Уште повеќе, јас сум убеден дека ќе победиме во двете средби. Данска, според мене, може да стане шампион на Европа, но, ние сме подготвени да и се спротиставиме и со нетрпение го очекувам тој натпревар“, вели Јиха, кој заборавил како помина на последното првенство пред две години во Србија.

Македонија за влез во вториот круг на првенството во Србија ја совлада токму репрезентацијата на Чешка.

А – Група Чешка – Австрија ( 18.00), Данска – Македонија (20.30)

Б – група: Исланд – Норвешка (16.00), Шпанија – Унгарија (18.15