Магазин

Филип Лазаров ја запроси својата девојка

Филип Лазаров ја запроси својата девојка

Македонскиот репрезентативец и ракометар на РК Вардар, Филип Лазаров реши својата долгогодишна врска да ја круниса со брак. Лазаров синоќа ја запросил својата девојка Билјана во еден ресторан во неговото родно Свети Николе.

Веридбата и свадбата се само дел од убавите работи кои ги очекуваат Филип и Билјана бидејќи двајцата го очекуваат и своето прво чедо.

11

Како што објави официјалниот сајт на РК Вардар, Лазаров веќе обезбедил и кум и тоа никој друг туку неговиот тимски колега Стојанче Стоилов.

Им посакуваме многу среќа!