Спорт

Филип Лазаров ќе игра на натпреварот со Полска

Филип Лазаров ќе игра на натпреварот со Полска

На вечерашниот ракометен натпревар против Полска Филип Лазаров ќе дебитира на ова европско првенство. Селекторот Ивица Обрван го пријави во составот за вечерашниот натпревар што ќе се одигра со почеток од 20.00 часот.

Филип Лазаров ќе го заземе местото на Жарко Пешевски, па ќе бидат пријавени два кружни напаѓачи Стоилов и Никола Марковски.

Лазаров не настапи против Франција откако се здоби со повреда на вториот контролен меч со Словенија. Синоќа тренираше со полна пареа и целосно му се стави на располагање на стручниот штаб.