Филип Мицфелдер со поддршка до Груевски и осуда за терористичкиот напад

Германски пратеник Филип Мицфелдер во писмо упатено до премиерот Никола Груевски, го осудува терористичкиот напад и посочува на обединетост во борбата против исламскиот фунтаменталистички тероризам.

– Моите мисли се со семејствата на убиените и ранетите полициски офицери и со народот на Македонија. Растот на меѓународниот тероризам е едно од големите зла на нашето време, кое и Германија и сите други, го осудуваме. Вашата борба против исламскиот фундамленталистички тероризам е нешто во што стоиме обединети, наведува во писмото Мицфелдер до премиерот Груевски.

pp

Тој е уверен дека премиерот ќе и помогне на Македонија да продолжи да се развива и да оди напред.

– Имајќи ги предвид предизвиците и можностите кои доаѓаат, со задоволство ги очекувам вашите идни напори и ви посакувам се најдобро, наведува во писмото.

Покрај сочуството за терористичкиот напад минатата недела во Куманово, во писмото германскиот пратеник, на Груевски му честита и реизборот по четврти пат за лидер на партијата ВМРО-ДПМНЕ.