Македонија,Економија

„Филип Морис“ и Тутунски комбинат ставаат потпис на договорот за партнерство

„Филип Морис“ и Тутунски комбинат ставаат потпис на договорот за партнерство

Гигантот во светската тутунска индустрија „Филип Морис“ и Тутунскиот комбинат од Прилеп денеска во Владата ќе стават потпис на договорот за стратешко партнерство, информираат од владината прес служба.
Пред потпишувањето на договорот, средба со претставници на американската компанија ќе има и премиерот Никола Груевски.

„Филип Морис“, според првичните информации, во Прилеп ќе ги произведува популарните цигари на виткање, Честер Филд цигарите, а догодина ќе почне производствто на најскапите цигари на пазарот во моментов Parliament.

Договорот за стратешко партнерство меѓу американскиот гигант и прилепскиот Тутунски комбинат предвидува основање на ново Друштво со ограничена одговорност. Друштвото ќе биде 51 отсто во сопственост на Филип Морис, 49% на Тутунски комбинат Прилеп. Друштвото ќе биде задолжено за производство и дистрибуција на марките од двете компании кои ќе се произведуваат во Прилеп.Подоцна, преку него, ќе оди извозот на трети пазари.

Договорот меѓу ТКП и Филип Морис предвидува откуп на одредени количини ориентален тутун од Македонија од што бенефит ќе има не само Прилеп, туку целата македонска економија.

Влезот на „Филип Морис“ во прилепскиот комбинат го најави премиерот Груевски во април година.