Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп и Царинската управа потпишаа Меморандум за соработка

Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп и Царинската управа потпишаа Меморандум за соработка

Царинската управа и Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп потпишаа меморандум за соработка. Главна цел на Меморандумот е зајакнување на координацијата и соработката во борбата против нелегалната трговија со тутунски производи.

Меморандумот беше потпишан  денеска од страна на директорот на Царинската управа на Република Македонија, Наташа Радеска Крстевска и генералниот директор на Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп–Емре Козлу, кој е исто и претставник на Филип Морис Интернешнал Менаџмент,како трета договорна страна на Меморандумот.

Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп и Царинската управа потпишаа Меморандум за соработка
Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп и Царинската управа потпишаа Меморандум за соработка

– Ваква соработка е повеќе од потребна. Овој Меморандум е јасна порака дека постои целосна посветеност од двете страни за борба против нелегалната трговија со тутунски производи. Иако нивото на трговија со нелегални цигари во моментов во Македонија можеби не е толку високо како во некои од соседните земји, ние веруваме дека постојаната будност и кооперативен пристап меѓу регулаторите, агенциите за спроведување на законот и индустријата се клучните елементи за постојана и успешна борба против нелегалната трговија со тутунски производи, изјави генералниот директор на Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп–Емре Козлу.

Со потпишување на меморандумот, договорните страни искажаа одлучност и посветеност за реализација и натамошен развој на ефективна рамка за соработка  што ќе придонесе за подобра наплатата на буџетските приходи.  Нелегалната трговија со тутунски производи како што е шверцот со цигари директно го оштетува државниот буџет, а истовремено претставува сериозен проблем за легалната индустрија со тутун и тутунски производи која го почитува законот.

Меморандумот предвидува механизми за соработка меѓу Царинската управа и Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп за борба против нелегалната трговија, меѓу кои се и специфични обуки за царинските службеници и размена на информации за истраги и кривично гонење на прекршителите.