Филип Петровски им одговори на парталите на Сорос

петровски

Во видеото кое директорот на Државниот Архив, Филип Петровски го објави пред малку на својот Фејсбук профил, објаснува дека текстот во кој пишува дека тој наводно бил уапсен и испрашуван, е тотално невистинит.

Многумина денес ми се јавија да ме прашаат каква била таа драма во Архив, а всушност  се работи за парталот, нагласувам партал Мактел, којшто имаше наслов: Драма во Архив на Македонија: СЈО го уапсило Филип Петровски во неговата канцеларија, по испрашување цел ден бил пуштен; . Само да ви кажам дека текстот е целосно невистинит и Соросписките, соросовите медиуми кои активно работат на пуштање на спинови во последните години и ги превртуваат реалните настани, продолжуваат да ја работат својата работа. Да ви кажам, сум во Државниот Архив, текстот е целосна лага, објаснува Петровски

Тој исто така нагласи дека додека СДСМ и СЈО пред Нова Година работеле по рестораните и кафеаните , тој работел на книгата која беше објавена неколку дена пред Нова Година: Македонија во странскиот печат.