Филипче ја потврди информацијата за министерското место, се чека на одговорот на Села

Неврохирургот Венко Филипче ќе биде новиот министер за здравство, потврди актуелниот советник за здравство во кабинетот на премиерот Зоран Заев, за телевизијата Телма во понеделникот вечерта.

Претходно во изјавите за медиумите Филипче изјавуваше дека сѐ уште не му била соопштена таквата одлука, но вечерта во понеделникот, според сознанијата на повеќе медиуми, таа му била официјално соопштена.

Конечниот предлог за прв човек во министерството за здравство доаѓа по речси три месеца испрзнетото место, откако поранешниот министер Арбен Таравари од Алијансата за Албанците победи на изборите за градоначалник на Гостивар.

Во следните два дена оваа одлука треба да се најде пред пратениците во Собранието.

Филипче не е непознат за пошироката јавноста, а особено реакции предизвика тоа што беше потпишан на професоркиот контрапленум. Тој не негира дека бил член, но вели не знаел што потпишува.

Од Владата велат дека иднината на Зијадин Села во коалицијата дефинитивно ќе се знае по состанокот планиран во четвртокот на премиерот Зоран Заев со лидерот на Алијансата за Албанците којашто досега го држеше овој ресор и најавување дека очекува повторно да ѝ биде доделен. Според непотврдените информации, во понудата дпа Села ќе биде вицепремиерско место и најверојатно заменичко во здравство. Од Алијансата, пак, велат дека последниот збор ќе го има Села.

Од партијата не сакаат да коментираат што ова ќе значи за нивното идно прстојување во Владата, ниту, пак, за најавата за новата понуда во најава. Односите во коалицијата се вжештија меѓу ДУИ и Алијансата, особено откако минатата седмица „интегративците“ му порачаа на Заев дека нема да гласаат предлог кој би дошол од Алијансата.