21.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Филипче ги условува граѓаните дека доколку не гласаат за промена на името, децата ќе им примаат неквалитетни вакцини?!

Министерот за здравство, Венко Филипче, со социјалните мрежи внесе вознемиреност и загриженост ка родителите чиишто деца кои треба да се вакцинираат, и со цел да помогне во владината кампања за договорот со Грција, односно пред референдумот за промена на уставното име на земјата, тој направи потег без преседано, што не смее да си го дозволи владин функционер.

 

Филипче со својот статус од понеделникот на Facebook ги повикува граѓаните да излезат на референдумот за промена на уставното име на Република Македонија и да гласаат „За“ договорот со Грција, а како причина за тоа наведува каква наводно придобивка би имале.

„Најквалитетни вакцини за сите наши деца“!

Членството во ЕУ значи подобри здравствени услуги за сите, а за нашите деца значи најквалитетни вакцини.  Пред нова вакцина да биде одобрена на пазарот, поминува низ строга регулаторна постапка за проценка на квалитетот, ефикасноста и безбедноста“ напиша министерот.

Министерот Филипче, водејќи ја кампањата на владејачката СДСМ, неизоставно треба да понесе одговорност како челник на еден од најважните ресори во државата. Додека партискиот лидер и водно премиер Зоран Заев може и да изнајде оправдување бидејќи ги повикува граѓаните на референдум, Филипче со оваа објава отвора и некои непријатни прашања на кои ќе мора да одговори и пред родителитњ.

Поточно дали со овие наводи Филипче всушност тврди дека: 1. Дека сега во Македонија има неквалитетни вакцини? 2. Дали на граѓаните им порачува дека само доколку на референдумот гласаат со „За“, нивните деца ќе бидат соодветно заштитени? и 3. Дали свесно влева страв кај родителите кои овој период треба да ги вакцинираат децата или неодамна ги вакцинирале?

Според сé судејќи, Филипче, кого што инаку во текот на неговото досегашно министерување го следат бројни афери и скандали особено во доменот на тендециозно доделување јавни набавки за клиниките, им порачува и ги условува граѓаните дека само доколку гласаат на референдум за промена на уставното име на државата, здравствените власти ќе водат грижа за нивното здравје?„

А за волја на вистината, Европската комисија во недоманешниот ивештај порача дека е „многу загрижена“ што три од седумте земји со највисока стапка на мали сипаници се земји членки на Европската унија.

„Ниската имунизација во една земја ги става во опасност безбедноста и здравјето на граѓаните во цела Европа. Вакцинацијата е акт на солидарност“, изјави Анка Падурару, портпаролка на Комисија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.