Филипини: Исламисти на ИД ослободија 23 затвореници

Исламистички екстремисти, поддржани од џихадистичката група Исламска држава, ослободија осуммина свои приврзаници при напад врз затвор во јужниот дел на Филипините. При нападот побегнале и други 15 затвореници, пренесе МИА.

Полицијата смета дека нападот врз затворот Ланао дел Сур во градот Марави е извршен од 20 тешко вооружени членови на екстремистичката група Мауте, едно од повеќето исламистички движења на островот Минданао. Тие успеале да ги разоружаат припадниците на обезбедувањето на затворот и да ослободат осуммина исламисти, меѓу кои и три жени.

Групата Мауте е нова организација на вооружени исламски екстремисти, кои се лојални на ИД.