Филипини ќе ја прекинат војната против дрогата поради корупција во полицијата

Командантот на филипинската полиција, Роналд дела Роса, изјави денеска дека силите за борба против наркотиците ќе бидат распуштени, пренесе Би-Би-Си.

Оваа одлука била донесена по убиството на јужнокорејскиот бизнисмен Је Ик-јо во седиштето на полицијата, откако во октомври го грабнаа припадници на единицата за борба против наркотиците.

Претседателот Родриго Дутерте ни кажа прво да ја исчистиме својата организација, рече Дела Роса.

„Ќе ги исчистиме  своите редови, а потоа ќе можеме да ја продолжиме нашата војна против дрогата.

Од почетокот на операцијата, што има за цел искоренување на дрогата од Филипини, а која ја почна претседателот Родриго Дутерте, во земјата се убиени повеќе од 7.000 лица.