Филипини: Поплавите однесоа 13 животи

Најмалку 13 лица загинаа, а седум се водат како исчезнати во југоисточниот дел на Филипините поради поплавите и лизгање на земјиштетот предизвикани од поројните дождови.

Поради дождовите илјадници лица биле принудени да ги напуштат своите домови.

Според зборовите на портпаролот на националниот Совет за несреќи, Рејналд Балид, шест лица загинале во поплавите во провинцијата Долина Кампостела, а седум загинале во провинцијата Давао Ориентал, а пет лица се водат како исчезнати во лизгање на земјиштето во градот Тарагона.

Поплавите погодија подрачје населено со 132.000 лица во 10 провинции, а засега не се знае колку точно луѓе ќе бидат евакуирани. Досега 10.000 лица ги напуштиле своите домови во четири провинции.

Истото ова подрачје во декември 2012-тата го погоди силен тајфун од кој што животот го загубија најмалку 2.000 лица.