Магазин

Филм според хороскопскиот знак: Раковите сакаат семејни филмови, лавовите кралски приказни, а скорпиите хорори

Филм според хороскопскиот знак: Раковите сакаат семејни филмови, лавовите кралски приказни, а скорпиите хорори

Хорор, драма, комедија, љубовна приказна или цртани – во какви филмови уживаат хороскопските знаци?

Ако сакате да одберете добар филм за одлична вечер или пак да ги израдувате пријателите со карти за во кино тогаш прочитајте и откријте какви филмови сакаат според нивниот хороскопски знак.

 Овен

Сака акциони филмови во кои не доминираат чувствата, туку е поважно нешто да се случува. Станува збор за филмови во кои дејствието е напнато, кои за многумина се напорни за гледање. Сака „звучни “ и колоритни филмови. Тие ги сакаат филмовите како „Храбро срце“, „Боречки клуб“, „Спартак“, „Скуби Ду“

Бик

Тие обожаваат филмови во кои сè се врти околу љубовта, славењето, храната, парите и недвижностите. Сакаат да гледаат и филмски приказни за познатите уметници.Им одговараат филмови како „Заљубениот Шекспир“, „Како да го преболиш Пикасо“, „Те сакам највеќе на светот“, „Гоја“ итн.

Близнаци

Уживаат во филмовите во кои се зборува за патувања, кои имаат одличен наратор кои не води низ филмот. Ги привлекуваат филмови за семејните односи.Ги препорачуваме филмовите „Имате пошта“, „Писмата за Јулија“, „Браќа по оружје“, „Говорот на Кралот“, „Телефонска говорница“.

Рак

Обожаваат семејни филмови и серии, но и детски филмови и цртани филмови. Ги допираат приказни кои можат да ги разнежнат, кои се носталгични и кои се одвиваат покрај вода (море, езеро) .„Еден убав ден“, „Сам дома“, „Хари Потер“, „Волшебникот од Оз“, „Фонтана“ и „Патриот“ се филмови за раковите.

Лав

Лавовите ги сакаат приказните за принцеви и принцези, кралеви и претседатели. Оние кои ги опишуваат приказните во кралските дворци или претседателски палати. Ќе уживаат доколку ги гледаат „Гладијатор“, „Кралица Елизабета“ , „Младата Викторија“ итн.

Девица

Девиците обожаваат приказни за слуги и работници, екологија, писатели, книги, дневници и научници.Но, и филмови за домашните миленичиња.Ги препорачуваме „Ерин Брокович“, „Ќерката на мојот шеф“, „Сиберскиот берберин“, „Читачот“ и „Англиски пациент“.

Вага

Тие уживаат во филмовите за свадби, венчавки, но и манекенки, мода и избор на убавици. Сакаат и филмови во кои се опишани брачните односи, семејствата и романтиката. „Згодна жена“, „Еквилибриум“, „Есен во Њујорк“, „Љубов во Барселона“ итн.

Скорпија

Обожаваат детективски приказни, трилери, приказни за убиства, сериски убијци, но и војни и полициски настани.Скорпиите обожаваат и хорори, но и еротски филмови.„Шерлок Холмс“, „Небо над Берлин“, „Ниски страсти“, „Парфем“, „Десперадо“ се филмови за нив.

Стрелец

Сака да патува и да обожава странци.За нив се филмови со теми за патувања, но и оние кои зборуваат за среќата во животот. „Животот е убав“, „Американец во Париз“, „Мексиканец“, „Генијален ум“ итн.

Јарец

Ужива во приказни од минатото, антиквитети, дамнешни времиња и историја. „Седум години на Тибет“, „Пеколен портокал“, „Љубов во доба на колера“ се совршени филмови за јарците.

Водолија

Тие сакаат да размислуваат за иднината  и затоа обожаваат научно-фантастични филмови, но и оние за хакери и компјутери. Сакаат и приказни за пријателството. За водолиите ги препорачуваме „Вечен сјај на беспрекорниот ум“, „Армагедон“, „Аполо 13“, „Ќелија“.

 Риби

За нив ги препорачуваме филмовите со теми за бајките, имагинацијата и фантазијата. Тие сакаат и религиски приказни, но и оние за духови, светот на морето и океаните.Сакаат и мјузикли.Ги препорачуваме „Брилијантин“, „Мулен Руж“, „Алиса во земјата на чудата“, „Бессони во Сиетл“, „Кодот на Да Винчи“.