Филмот „Деца на Сонцето“ ќе се дистрибуира во Германија

Македонскиот филм „Деца на Сонцето“ во режија на Антонио Митрикески годинава е на маркетот во Кан, Франција, преку дистрибутерот Принц Филм.

Продуцентот Дејан Милошевски информира дека со дистрибутерот Принц Филм од САД потпишале договор со еден од најголемите дистрибутери во Германија Lighthouse-film Entertainment l DVD l Blu-ray, со што ќе се изработи и синхронизира на германски јазик на ДВД и БЛУРЕЈ, пренесува МИА.

На почетокот на 2016 година ќе излезе во продажба во Германија. Голем интерес за македонскиот филм „Деца на Сонцето“ покажале и две телевизиски ќуќи.