Магазин

Филмот „Деца на сонцето“ премиерно во Лондон

Филмот „Деца на сонцето“ премиерно во Лондон

Македонскиот филм „Деца на сонцето“ во режија на Антонио Митрикески ќе доживее светска премиера на претстојниот 22. по ред Лондонски меѓународен филмски фестивал „Реинденс“. Филмот доби покана да биде прикажан во рамки на официјалната програма и со тоа го стекнува правото да се бори за главната награда на фестивалот. Фестивалот се одржува еднаш годишно од 24 септември до 5 октомври, а македонскиот филм ќе биде прикажан на 25 септември.

Во филмот играат: Ивана Павлаковиќ, Кире Ѓоревски, Мето Јовановски, Владо Јовановски, Милица Стојанова, Билјана Таневски, Данчо Чеврески, Александар Микиќ, Камка Тоциновски, Мартин Мирчевски, Емир Хаџихафизбеговиќ… Филмот е работен според сценарио на Гордан Михиќ, а го монтираше култниот Андрија Зафрановиќ. Продуцент на филмот е Дејан Милошевски.

– Ова е филм правен со многу љубов и позитивна енергија, која екипата безрезервно ја даваше. И мислам дека тоа се чувствува во секоја сцена од филмот. Со филмот настојувавме да допреме до вистината и до внатрешните немири на ликовите. Веруваме дека филмот ќе допре до публиката и критиката. Тој носи верба и надеж – вели Митрикески.