Филмот „Dheepan“ добитник на „Златната палма“ во Кан

„Златната палма“ на годинашниот Меѓународен филмски фестивал во Кан ја доби филмот „Dheepan” на францускиот режисер Жак Одијар.

Филмот говори за тројца граѓани на Шри Ланка, кои се преправаат дека се семејство за да избегаат од земјата зафатена со војна и да се преселат во Франција.

Жирито со кое претседаваше режисерската двојка, браќата Итан и Џоел Коен, втората награда на фестивалот и ја додели на драмата за холокаустот „Сауловиот син“, дебитантски филм на Ласло Немеш.

Третата награда и припадна на љубовната прказна „Јастог“ на грчкиот режисер Јоргос Лантимос во кој играат Колин Фарел, Џесика Барден и Рејчел Вајс.

Наградата за најдобра режија ја доби тајванскиот режидер Ху Хсијао-хсјен за акциониот филм „Убиец“.

За најдобар актер е прогласен Винсент Линдон за улогата во филмот „La loi du marche”, а наградата за најдобра актерка ја поделија Руни Мара за улогата во филмот „Керол“ и Емануел Берко во филмот „Мојот крал“.