среда, 23 август 2017  |  Вести денес: 39

Филмот „Граници“ на гевгелиски гимназијалци во финале на фестивалот „Плурал плус“ во Њујорк

За потребите на фестивалот филмот е работен на англиски јазик и обработува тема од бегалската криза и ситуацијата на децата во услови на мигрирање.

Последни вести

Филмот „Граници“ изработен од ученици од гевгелиската гимназија „Јосиф Јосифовски“ од страна на Комитетот за предселекција на интернационалното жири, во конкуренција на околу 400 филмови од целиот свет, влезе во финалето на младинскиот видео фестивал „Плурал плус“ што го организира Центарот за медиуми од Њујорк,САД.

За потребите на фестивалот филмот е работен на англиски јазик и обработува тема од бегалската криза и ситуацијата на децата во услови на мигрирање. Во неговата изработка учествуваа Васко Трајков, Филип Аблаков, Матеј Аврамов, Стефан Шапкарев и Сретен Илиев под менторство на професорот Тони Аврамов.

На меѓународниот натпревар кој се одржува од 2009 година, досега настапиле околу 1.300 учесници од 90 земји во светот, а креативните видеа што ги изработуваат младите обработуваат прашања како што се трговијата со луѓе, социјална маргинализација и расизам.

До крајот на идниот месец ќе се знае конечниот пласман на филмовите, а доделувањето на наградите ќе биде на 27 октомври во Њујорк.

Најчитани вести