Филмот „Име си е име“ на YouTube (ВИДЕО)

Филмот „Име си е име“ на YouTube
Филмот „Име си е име“ на YouTube

Документарниот филм „Име си е име“ кој се однесува за македонскиот народ и Република Македонија и за тоа што значи името за идентитетот на Македонците од денеска е достапен на YouTube, соопшти Фондација „Со Македонија“.

Филмот досега беше прикажан во повеќе од 30 градови во светот вклучувајќи ги Австралија, Северна Америка и Европа, како и кај нас за македонската публика. Филмот „Име си е име“ е достапен You Tube канал: WithMacedonia со превод на македонски и англиски јазик.

Филмот „Име си е име“ кој е снимен во 2008 година е документарен филм за една нација која е заложник поради сопственото име. Снимен како класичен „патеписен филм” тој е реализиран во меѓународна соработка со режисер од Исланд, американски продуцент, наратор од Британија и музика од меѓународни и македонски поп ѕвезди вклучувајќи го и Норвежанецот Мортен Харкет од групата А-ха.

Режијата е на Сигурјон Еинарсон, нарација Сер Ендру Моушн , продуцент е Џејсон Мико, копродуцент Александар Билбилов  а продуцент „3D“ од Македонија. Музиката во филмот е од повеќе автори меѓу кои Мортен Харкет, Еарт Афер, Сигур Рос, Мум, Кирил Џајковски, Греам Неш, Тоше Проески и Монте-Негро.