Филмот „Македонец“ утре ќе биде прикажан во Прага

Во Прага утре ќе биде прикажан филмот ,,Македонец” на Петро Алексовски, македонски филм кофинансиран од Полскиот филмски институт.

Филмот ја доловува судбината на македонските и на грчките деца кои ја напуштија родната земја по Граѓанската војна во 1946-1949 година во Грција. Ја опфаќа судбината на дел од децата, кои тогаш беа евакуирани и распространети во различни поранешни социјалистички земји како Југославија, Романија, Чехословачка, Унгарија, СССР и Бугарија.

Филмот е снимен по повод 65-годишнината од пристигнувањето на децата-бегалци во земјите од Источна Европа.

Премиерно беше прикажан на 31 мај годинава, на филмскиот фестивал во Краков.

На филмската проекција е планирана и дискусија  со авторот.