вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 56

Филмот „Од другата страна“ го отвора „Охрид Филм Фест“

На големиот актер Лазар Ристовски ќе му биде врачена награда за белегот што го остави во балканската кинематографија на отворањето на првото издание на Интернационалниот фестивал на ангажиран филм „Охрид Филм Фест“.

filmmmm

Последни вести

На големиот актер Лазар Ристовски ќе му биде врачена награда за белегот што го остави во балканската кинематографија на отворањето на првото издание на Интернационалниот фестивал на ангажиран филм „Охрид Филм Фест“.

Еден од најголемите и најхаризматични актери на овие простори Лазар Ристовски ќе го одбележи отворањето на првиот Интернационален фестивал на ангажиран филм „Охрид Филм Фест“, беше кажано на вчерашната прва прес-конференција Што се одржа вчера во Охрид. Фестивалот стартува со хрватско-српската копродукција „Од другата страна“ на Зринко Огреста. Овој филм ја имаше својата светска премиера на годинешниот Берлински фестивал, а во Охрид ќе се одржи неговата регионална премиера.

Охрид Филм Фест е фестивал кој се фокусира на ангажираниот филм и на студентската програма.

Фестивалот ќе се обиде да понуди и да донесе нешто ново, да предизвика дискусии, коментари, соочувања, критики реакции. Ќе се обиде преку ангажираните теми и најгорливи и најактуелни теми и проблеми во светот да направи да заживеат разговорите по проекциите на фестивалите, да предизвика интерес, но и низ разговорите со авторите да придонесе кон осознавање и откривање нови простори, изјави дриректорката и селектор на главната програма Сунчица Уневска.

Целта и таргетот на фестивалот се младите односно можноста Охридскиот фестивал да стане место каде што редовно ќе се одржуваат мастеркласи, работилници, средби, каде што младите ќе можат да учат директно од искуството на еминентните автори.

Освен Лазар Ристовски и филмот „Од другата страна“ кој зборува за последиците од војната во Босна, но последици на луѓето, „Охрид Филм Фест“ ќе ја донесе и француската актерка Астрид Ветнал, која ја игра главната улога во филмот „Пат за Истанбул“ на Рашид Бушареб. Бушареб е француски режисер со алжирско потекло кој последниве 10-15 години редовно освојува награди на големите фестивали. „Пат за Истанбул“ третира уште една извонредно актуелна тема, зошто младите се повеќе одат на џихад. Во програмата се поместени уште неколку многу интересни наслови кои зборуваат за судбините на мигрантите, но и за судбините на жените кои нивните семејства ги продаваат без оглед на се или се убиени од нивните мажи или љубов, како иранскиот „Сонита“ или турскиот „Би сакала да се измие со дождот“.

Освен главната програма, фестивалот ги содржи и програмите Видици, Програма на кратки филмови и Програма Охрид на филм.

Програмата Видици ја селектираше новинарката и филмска критичарка, Марина Костова, која за својот избор на филмови вели:

Филмовите на Видици имаат еден заеднички именител – откриваат дела луѓето се исти секаде во светот. Исто страдаат од сиромаштија, неправда, изгубени илузии, потлаченост и исто се борат за трошка среќа. Авторите ги истражуваат овие теми и низ документарна форма, а секое дело е повик на дијалог за природата на правдата, на социјалната и родова еднаквост, на неконформизам и на среќата.

Селектор на кратката програма е филмскиот критичар Влатко Галевски. „Охридскиот филмски фестивал се приклучува кон големата светска фамилија на фестивали кои го презентираат и афирмираат новиот бран на идните филмски ппрофесионалци“, рече Галевски на вчерашната прес-конференција што се одржа во Охрид. Кратка програма или Програма посветена на млади студенти, ќе го има едукативниот карактер и ќе понуди малку поинакви содржини. Во Охрид е востановена и Филмската школа ФАМУ што ќе го овозможи линкот со студентите.

Основан од граѓанската асоцијација за ангажиран однос кон филмската култура „Аквариус“, а во соработка со Филмската школа од Охрид, ОИФФ е замислен како прв македонски интерактивен фестивал на кој главен таргет ќе бидат студентите од македонските филмски школи, но и од регионот, а подоцна и од Европа. Целта е движење и промена, размена и можност да се разговара директно со филмските автори за нивните дела и со еминентни имиња од светот на филмот кои ќе го споделат своето искуство. А една од  главните цели ќе бидат и работилниците на кои ќе се развиваат проектите на младите филмаџии под менторство на стручњаци од одредени области.

Охридскиот филмски фестивал ќе ја врати филмската критика, која речиси веќе и не постои во Македонија, на голема врата. Користејќи го токму ангажираниот филм, кој често значи бунт, коментар, соочување, дебатирање, поставување прашања и барање одговори. А познато е од историското искуство дека она што првенствено ги движи работите, е критичната маса.

Првата година Фестивалот ќе има и програма насловена „Охрид на филм“.

Филмскиот фестивал ќе ја врати љубовта кон филмот и ќе му зададе удар на филмскиот мрак во градот, бидејќи во Охрид нема редовен кинорепертоар. Охрид дава можност и за проекции на отворено и за едно посебно доживување, по примерот на многу други фестивали. А во иднина ќе воведеме и програма за млади, што во овој град ќе овозможи едукација и развој на филмската култура од најрана возраст.

Специјално за Охрид годинава ќе направиме програма посветена на градот и на филмовите кои се снимени во Охрид и за Охрид. Програмата е насловена „Охрид на филм“.

„Годинава иако прва имавме навистина голем избор со оглед на тоа што на повикот на фестивалот се пријавија речиси 800 филма. Кратката програма годинава опфаќа 44 наслови од цел свет, меѓу кои се вклучени и пет македонски филма.“

Програмата Посветено годинава е предвидена за специјалната проекција на култниот македонски филм „Мирно лето“.

Најчитани вести