Магазин

Филмот „Педесет нијанси сиво“ нема да е експлицитен и возбудлив колку и книгата

Филмот „Педесет нијанси сиво“ нема да е експлицитен и возбудлив колку и книгата

Сите нетпреливо ја очекуваме екранизацијата на бестселерот „Педесет нијанси сиво“, но продуцентот Мајкл Де Лука, најави дека истиот и нема да има толку експлицитни сексуални сцени како и книгата по која „побудале“ целиот свет.

Сепак филмот и понатаму ќе ја има еротската содржина, но Де Лука вели дека многу свесно и внимателно го работат филмот за да не се направи драстична разлика помеѓу книгата и самиот филм.

„Ќе им го дадеме тоа што го очекуваат-една интензивна и еротска љубовна приказна“, вели продуцентот Мајкл Де Лука, кој додава дека  очигледно е дека филмот не може да биде експлицитен како самата книга.

„Велат една слика илјада зборови. Така што еротиката на екранот може да ја долови една сцена, наместо да се прочита цело поглавје од  книгата“, објаснува Мајкл.

Зборувајќи за трилогијата, продуцентот на филмот рекол дека таа сама по себе е експлицитна поради намерата на авторката да навлезе во суштината на женскиот карактер преку нејзиното искуство.