Филмска бркотница меѓу полицијата и осуденик во Тетово

Филмско бркање со полиција се случила вчера на улицата „Благоја Тоска“ во Тетово.

При приведување на Р.Ј.(1980) кој се бара по потерница, заради бегство од затвор Штип, каде бил на издржување на казна затвор за сторено КД „Убиство“, истиот кон полицајците, испукал два куршуми од огнено оружје. По настанот Р.Ј. се дал во бегство и се превземаат мерки за негово пронаоѓање. Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР-Тетово, при што утврдено е оштетување на зградата и скршени прозорски стакла од испукан проектил, пронајдена е две чаури кал.7,62 мм, по што истите се подигнати од лице место и предадени за вештачење.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.