Филмска бркотница на патот Гевгелија – Скопје

Околу 16,30ч на патниот правец Гевгелија-Скопје, пред Тунелите Демир Капија, полицијата од Демир Капија запрела две патнички моторни возила (едното БМВ, а другото непозната марка) со цел да извршат контрола, пренесува пресс 24.

Кога полицијата се обидела да го легитимира возачот на во „БМВ“- то, застанало патничко моторно возило “Ауди“ со рег.бр.СК-0307-АЈ, од кое излегле неколку илегални мигранти, а возачот се обидел со возилото да го прегази полицаецот.

Додека полицаецот паѓал настрана за да го избегне ударот, од пушката бил истрелан еден куршум, по што „Ауди“ -то се дало во бегство.

Патролата, веднаш се упатила по возилото, по што истото било пронајдено кај с.Караслари-Велес, без возачот. Во возилото биле пронајдени траги од крв, а во вратата од возилото бил пронајден еден заглавен проектил. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.