Филмска кражба во Гостивар

Вчера во Гостивар на улицата Седек Костоски, во куќата сопственост на Х.С.(83), три непознати лица од кои двајца вооружени со пиштол, извршиле разбојништво.

Од домот на Х.С. тие одзеле два лаптоп компјутери, рачен часовник и фотоапарат.

Разбојништвото лицата го извршиле на тој начин што влегле во куќата преку отворен прозорец, му ги врзале рацете и нозете на Х.С., главата му ја прекриле со марама, извршиле пребарување и ги одзеле горенаведените предмети. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и целосно расчистување на случајот.