Филмска програма во Кинотека

Со филмот „Човекот од слама“ на Волфанг Стауте (Германска кинотека) во понеделник на 5 мај започнува филмската програма по повод 70-от Конгрес на ФИАФ кој ќе се одржи во Скопје во организација на Кинотека на Македонија.

За време на петте денови додека траат проекциите ќе видиме многу филмови од 22 кинотеки од цел цвет и сите тие се однесуваат на Првата светска војна. Не сакајќи да издвојуваме ниеден од овие вредни филмски материјали кои се дел од светската историја (не само историјата која се однесува на филмот) и визуелното паметење на светот можеме да кажеме дека дел од овие филмови за првпат се прикажуваат по стотина години и се извонредно вредни архивски материјали, додека играните филмови се врвни филмски остварувања.

Дел од немите филмови ќе бидат со проследени со музичка изведба на Јоаким Беренц, Бојан Маротов, Благој и Бојан Маротови, и се со превод на македонски јазик.

Свеченото отворање на Конгресот е на 4 мај во 19.30 часот во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, а на отворањето ќе говорат министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, директорката на Кинотека на Македонија, Мими Ѓоргоска-Илиевска и претседателот на ФИАФ,Ерик ле Роа.