Филмски грабеж во Франција: Од конвој украдени дијаманти

Група од 15 вооружени напаѓачи на автопатот што ги поврзува Париз и Лион во Франција киднапирала конвој возила во кои имало дијаманти вредни девет милиони евра.

Напаѓачите на автопатот во близина на Париз застанале две комбиња кои превезувале скапоцен накит и во филмски грабеж од возилата ги исфрлиле возачите пред да се упатат во непознат правец.

За среќа никој не е повреден во овој напад којшто се случил рано изутринава. Возачите на комбињата покрај автопатот ја дочекале полицијата и помошта.

Полицијата набрзо пронашла две од возилата кои биле спалени во близина на местото на нападот.

Накитот вреден неколку милиони евра не бил пронајден.