Филмско бегство од полиција во струмичко

СВР Струмица поднесе кривична пријава против струмичаните К.П.(27) и Ј.Д.(24) поради сомнение за сторени кривични дела „кражба“ и „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.

На 25.12.2014 година, кај локалниот пат с.Рич-с.Почево, струмичко, од страна на полицијата се преземени мерки за пронаоѓање на К.П., кој се бара по потерница.  При обид да биде извршена контрола над ПМВ „Фиат Темпра“  управувано од првопријавениот во кое се превезувал и второпријавениот,  истите со голема брзина се дале во бегство упатувајќи се кон Струмица. Полицијата започнала да го следи возилото, а второпријавениот се обидел со фрлање на дрва од возилото да ги попречи, по што истите го оставиле возилото и се упатиле пеш кон с.Дабиле. По ова, од страна на полициските службеници и шумската полиција, фрлените дрва се собрани и е утврдено дека се работи за 1,2 метри кубни дабови и габерови огревни дрва.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.