Македонија,Крими хроника

Филмско бегство од полицијата во велешко

Филмско бегство од полицијата во велешко

Четириесетгодишниот Н.А. од село Бузалково со своето возило не застанал по наредбата на полицискиот службеник, бидејќи го превезувал својот брат Џ.А. (34), кој се барал издржување казна затвор од четири години.

Од страна на полициски службеник заради заплашување и запирање на возилото испукани се пет предупредувачки истрели со пиштол во воздух, но Н.А. и покрај тоа не го запрел возилото и продолжил со движење за селото Бузалково, по што  влегол во дворот од куќата на неговиот брат и се дал во бегство.

Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР-Велес.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и целосно расчистување на случајот.