Финале на Евросонг: Победи Кончита од Австрија

Австриецот Том Нојвирит, под уметничко име Кончита Вурст и ја донесе на Австрија победата на Песна за Евровизија со песната  “Rise Like a Phoenix”.

Второпласирана беше Холандија, а на трето место е песната на шведскиот претставник.

Годинава имаше возбудливо гласање, бидејќи во еден момент Холандија беше „зад пети“ на Австрија.

Министерот за култура на Австрија, Јозеф Остермајер изрази задоволство што Австрија победи и изјави дека се радува што неговата земја ќе биде домаќин на овој натпревар.

„Прво место на Австрија на Евровизија е голема победа за Кончита Вурст, но и победа на Европа по прашањето на толеранција и почитување,“ изјави тој.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.