петок, 28 јули 2017  |  Вести денес: 40

Финален атак на СДСМ и СОРОС за уривање на Уставниот суд

„Ќе го запалиме Уставен суд затоа што е неуставен“ – порача преку својот фејсбук профил Општинската организација на СДСМ од Кавадарци во пресрет на најавените протести кои ги организира партијата со помош на невладините организации под капата на Соросовата фондација во земјава, пишува „Курир“.

sdsm-ustaven

Поврзани вести

„Ќе го запалиме Уставен суд затоа што е неуставен“ – порача преку својот фејсбук профил Општинската организација на СДСМ од Кавадарци во пресрет на најавените протести кои ги организира партијата со помош на невладините организации под капата на Соросовата фондација во земјава, пишува „Курир“.

СДСМ и СОРОС за утре ги најавија протестите преку кои имаат намера да извршат насилство и притисок врз Судот за да носи одлуки какви што од партијата сметаат дека треба да бидат донесени.

ustaven-sdsm

Уставниот суд во секоја земја е браник на државноста и ваквите настапи на СДСМ не може да се толкуваат никако поинаку освен како обид за да се зададе уште еден сериозен удар врз Република Македонија.

Соросовиот активист Петрит Сарачини јавно ги откри плановите на СДСМ и СОРОС дека доколку уставните судии судат согласно Уставот и своите убедувања, а не согласно ставовите на СДСМ и активистите на СОРОС, тогаш ќе се соочат со нивниот гнев.

На крајот на краиштата, тие тука без оглед кој ги делегирал и кој ги именувал, носат функција која е мошне одговорна и треба да бидат свесни за тоа. Доколку не, ќе се соочат со гневот на граѓаните, изјави Сарачини.

Сличен настап пред неколку дена имаше и неговиот партнер од соросовите невладини организации Славчо Димитриевски, кој на судиите им се закани дека ќе ги влечеле за уши и на клоци ќе ги избркале од Уставниот суд.

На крстови, на орли, на лавови и на какви се не измислици. За уво ќе ве влечеме и на клоци ќе ве истераме од оваа врата! Ова не е уставен суд, ова е у**ан суд!, изјави Димитриевски.

Дека не станува збор за коинциденција, туку за добро разработен заеднички план, потврди и генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски, порачувајќи вчера од партиски настан во Гевгелија како требале да судат Уставните судии, а како не смееле.

Го повикувам уставниот суд да носи одлука врз основа на уставните одредби, врз основа на законот, не врз основа на партиски одредби, затоа што тие се тука да ја штитат Република Македонија и уставниот поредок на Република Македонија, изјави Спасовски.

Остана нејасно во кое својство Оливер Спасовски го повикуваше Уставниот суд, но Спасовски освен што е генерален секретар на СДСМ, во моментов е и технички министер за внатрешни работи и има обврска да обезбеди услови уставните судии да одлучуваат без никакви притисоци, единствено врз основа на уставот.

Досега од страна на МВР предводено од Оливер Спасовски не се преземени никакви мерки кон оние кои се закануваат со палење, гнев и насилство врз уставните судии. Напротив, со своите изјави Оливер Спасовски излегува надвор од своите ингеренции и врши директен притисок од извршната кон судската власт, стимулирајќи одмазда и притисоци врз судот. Практика и преседан каква што досега не е видена никаде.

Инаку, СДСМ и СОРОС протестираат заради оценување на уставноста на член од Законот за помилување за кој и самата партија во 2009 година, кога беше предложен од страна на ВМРО ДПМНЕ, сметаше дека е во спротивност со Уставот.

Најчитани вести