Финалето во Европската лига значи и напредок од едно место на ранг-листата на ЦЕВ

Нашите одбојкари забележаа благ скок од 20-то на 19-то место, што се должи на пласманот во финалето од Европската лига, каде Македонија беше поразена од Словенија.

Само едно место пред Македонија се наоѓа селекцијата на Грција, додека Словенија и покрај титулата во Европската лига остана на 11-та позиција. На врвот на оваа ранг-листа се уште се наоѓаат одбојкарите на Русија, пред Србија, Полска и Бугарија, додека Италија забележа пад од три места и „аѕурите“ сега важат за петта европска одбојкарска велесила.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.