ТОП,Македонија

Финализиран Договорот од Пржино

Финализиран Договорот од Пржино

Финализиран Договорот од Пржино, избори ќе има на 24-ти април. Лидерската средба помеѓу четирите најголеми политички партии, ВМРО -ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ И ДПА, која почна вчера попладне за Договорот од Пржино заврши со успех.

Избори ќе има на 24 април, усогласен е Законот за Влада, изборниот закон, законот за „свиркачите“, закон за заштита на приватноста, а договорени се и новите министри и заменици од редовите на опозицијата, пренесе МИА.

По средбата, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски изрази задоволство од договореното и рече дека нивна стратешка цел била избори да има на 24 април.

Финализиран Договорот од Пржино
Финализиран Договорот од Пржино

Лидерот на СДСМ Зоран Заев по средбата рече дека е постигнат договор кој денеска треба да биде формално правно легализиран во закон во влада во кој се дефинираат надлежностите на замениците.

Според договореното министер за внатрешни работи треба да биде Оливер Спасовски, за труд и социјална политика Фросина Ременски, додека за заменици договорено е во информатичко општество да биде Александар Кирацовски, во финансии Кире Наумов и во земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Договореното на лидерската средба денеска ќе биде разгледано на партиските работни групи.