5.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Финансии ја издаде шесттата еврообврзница, ново задолжување од половина милијарда евра

министерство за финансии
министерство за финансии

Граѓаните на Република Македонија во првите 11 дена од новата 2018 година, се задолжени поединечно за 287 евра. Министерството за финансии денес соопшти дека Македонија ја издала шестата еврообврзница.

Еврообврзницата е 500 милиони евра со рок на достасување од седум години.

– Ова е историски убедливо најниска каматна стапка постигната за која било од македонските еврообврзници како одраз на исклучително високата доверба кај меѓународните инвеститори за перспективите на македонската економија, како и поволните услови на меѓународните пазари на капитал. За споредба, каматните стапки на претходно издадените пет еврообврзници се движат меѓу 3,975 отсто и 9,875 проценти, наведува Министерството за финансии.

Според МФ, побарувачката од инвеститорите за македонската обврзница беше во износ од над 3,5 милијарди евра, односно над седум пати повисока од понудата, што е еден од најцврстите можни докази на довербата на инвеститорите во стабилноста на Македонија и во исклучително позитивните перспективи на македонската економија. Високата побарувачка овозможи да се постигне каматна стапка од 2,75 проценти на годишно ниво, односно стапка на принос од три отсто.

Како што е предвидено со Буџетот за 2018 година, приливите од евро-обврзницата ќе се користат за покривање на буџетскиот дефицит, односно за непречено редовно извршување на сите буџетски расходи, како и за отплата на претходните долгови, вклучително и првата рата на PBG-кредитот од 2013 година во износ од 95 милиони евра која доспева на крајот на јануари. Притоа, паралелно со издавањето на еврообврзницата, Македонија првпат изврши и делумен предвремен откуп на постоечка евро-обврзница.

– Извршен е предвремен откуп на една третина од еврообврзницата од 270 милиони евра издадена во 2015 година која достасува во декември 2020 и чија што каматна стапка на издавање од 4,875 отсто е значително повисока од каматна стапка на новоиздадената еврообврзница од 2,75 отсто. Покрај каматните заштеди, со предвремениот откуп се намалува долгот кој достасува во 2020 година, односно значително се намалува ризикот од рефинансирање, стои во соопштението од МФ.

Со претходни 780 милиони во 2017 година и денешните, граѓаните на Република Македонија од кога СДСМ се на власт се задолжени за над 1,35 милијарди евра.