петок, 26 мај 2017  |  Вести денес: 0

Финансиска полиција: „Мост“ одбива да достави документи на увид

„Мост“ одбива да достави финансиски документи на увид. Во врска со објавените информации во дел од медиумите дека во тек е истрага за невладината организација „Мост“ денес преку писмено соопштение се огласи и Финансиската полиција.

darko-aleksov-most-640x263

Поврзани вести

„Мост“ одбива да достави финансиски документи на увид. Во врска со објавените информации во дел од медиумите дека во тек е истрага за невладината организација „Мост“ денес преку писмено соопштение се огласи и Финансиската полиција.

Управата за финансиска полиција по добиена пријава за сомнителни трансакции по добиената пријава за сомнителни трансакции од банкарските сметки на невладината органзиација Мост и други блиски субјекти, во рамките на своите надлежности уредени со Законот за финансиската полиција побара од сметководството на споменатата невладина организација податоци за основот за сомнителни сметки на физички лица во државите Либан, Јордан, Киргистан, Албанија, Тунис па дури и во Окупирана Палестинска Територија. И покрај максимално коректниот однос од страна на инспекторите од Управата за финансиска полиција и доставената замолница да им бидат обезбедени на увид правните основи за извршените трансфери на поголемите суми на девизи на државјани со сомнително потекло, од страна на првиот човек на невладината организација е одговрено дека не е во можност да им ги достави на увид овие документи од засега за нас непознати причини, велат од Финансиската полиција.

Оттаму напоменуваат дека Управата за финансиска полиција согласно закон е надлежна и должна да врши контрола на сите сомнителни трансфери на пари од и кон Република Македонија пред се заради заштита на даночните интереси на државата, а и, како што велат, заради спречување појава на перење пари.

Од Управата за финансиска полиција велат дека за конкретниот случај сеуште не се во можност да прејудицираат дали има или нема незаконито постапување од страна на инволвираните од едноставна причина што, како што велат, невладината одбива секаква соработка со овластените службени лица од Финансиската полиција и оневозможува увид во бараната документација.

Како што посочуваат, доколку од страна на Мост не биде овозможен увид во книговодството на организацијата на организацијата од Финансиската полиција ќе бидат приморани да ги применат инструментите предвидени со Законот за кривична постапка.

Најчитани вести