Финансиските зони ќе го привлечат странскиот капитал

Според последната изјава на премиерот Никола Груевски, на местото на скопската касарната „Илнден“  се предвудува изградба на меѓународна финансиска зона. Со тоа, Македонија ќе се најде на меѓународната финансиска мапа, ќе има зголемен прилив на даноци во буџетот, но и нови работи места. Вакви финансиски зони функционираат во голем број земји, и имаа големи резултати во однос на привлекување на странски капитал и реализирање на нивни трансакции на кои што се плаќа повластена даночна стапка и има позитивно влијание врз националните буџети. Во овие зони ќе  се применуваат закони кои важат во најкредибилните земји, како што е Англија.

„Тоа се територијални зони каде што функционираат финанскиски орфанизации кои ќе можатда вршат трансакции, дистрибуција на средства од земјава кон други дестинации  и таа трансакција ќе ја вршат со ниски даноци. Во финасиската зона за таа цел, фирмте ќе треба да ангажираат, правници, сметководители, нотари, а со тоа државата и овој профил на работници во земјава ќе имаат корист. Исто таа, тука би доаѓале нивни претствници, ќе се забрза динамиката на луѓе кои од странство би доаѓале тука, што значи од тоа би имал корист и авиотранспортот. Значи, компаниите не мора да одат во Лондон или  друг град , туку од тука преку електронски налог ќе се врши трансакција на сметки. За компаниите во зоните бенефиција е нискиот данок , за нас ангажирање на луѓе и нови вработувања“, вели професорот Томе Неновски.