Македонија

Финансиските зони треба да отворат нови работни места

Финансиските зони треба да отворат нови работни места

Една од уставните измени кои влегоа во собраниска процедура е и  формирање на финансиска зона, чија цел, како што истакна премиерот Никола Груевски, е зголемување на вработувањето. 

„Целта е на еден простор од 10 до 20 хектари да се формира една финансиска меѓународна зона, во која што ќе се пресликаат законите од Америка, Англија или Германија. Тоа дополнително ќе го зголеми кредибилитетот на оваа финансиска зона. Регулативата целосно ќе се преслика од овие најдобри економии, најпривлечни за инвеститорите и ќе се дадат дополнителни поволности во делот на даноци и слично, за компаниите кои ќе одлучат тука да ги пренесат своите седишта“, истакна Груевски, заклучувајќи дека пресликувањето на закони од Америка, Англија или Германија, не може да се стави во негативен контекст.