Финансиското гуру на СДСМ, Милчин одмора во Грција?

Главниот спонзор на опозициските медиуми и претседател на Фонацијата СОРОС, Владимир Милчин, откако ги подмири сметките на своите најблиски отиде на „заслужен“ одмор, каде ако не во Грција.

Милчин, изминатиов период го подели буџетот од мината година, кој изнесуваше неверојатни 5 милиони евра.

Неофицијално дознаваме дека и тој летово го поминал јужно од Македонија, во Грција. Непознато е каде точно тој летувал, но знаејќи го фактот дека не би му претставувал никаков финансиски проблем и доколку тоа биле монденските места Санторини, Крф, Родос…

Пробавме да го добиеме Милчин, но тој не одговори на повиците. Колегите од порталот Курир имаа повеќе среќа, Милчин нив им одговорил преку СМС:

„А од каде тоа вие прибирате информации од приватен карактер? И со кое право? Полиција ли сте ? Па уште згора и колку пари ме чинело тоа? Ме прашувате за мои пари? Море, сиктер“, е одговорот за Курир на Милчин.

Дали финансиското гуру на СДСМ и опозициските медиуми, бил заедно со „дружината“ на одмор е прашање за кое сеуште нема одговор.