Финците сами ќе ги изедат производите наменети за Русите

Агенцијата за безбедност на храната на Финска, одлучи на домашниот пазар да продава прехранбени производи подготвени за рускиот пазар, кои се чуваат во фрижидер и имаат натпис на руски јазик.

Во согласност со локалното законодавство, прехранбените производи треба да бидат означени само на службените јазици, фински и шведски.

Но, Финска беше принудена да преземе мерки за да се намали штетата од санкциите кои Русија ги воведе спрема оваа скандинавска земја.

Според податоците на Здружението на прехранбената индустрија, во Русија се извезува 25 отсто од храната во Финска и неговата вредност е повеќе од 400 милиони евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.