Финишира реконструкцијата на улицата „Александар Македонски“

Финишираат градежните активности околу асфалтирање на втората фаза од улицата „Александар Македонски“.

Во втората фаза се работеше на потегот од бензиската станица на „Мак Петрол“ до раскрсницата кај некогашната фабрика  „Солидност“  во должина од околу 1.200 метри.

„Улицата со авениски димензии е широка 15 метри, со по две коловозни ленти од двете страни, од двете страни се предвидени велосипедски и пешачки патеки, рече градоначалникот Марјан Ристески.

Со реализација на овој градежен зафат се уреди влезот во градот од магистралниот пат од правецот на Градско и Кавадарци кон централното градско подрачје на Прилеп.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.