ФИНКИ демантира дека го отфрлиле предлогот за државен испит

Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ) реагира на објавите во некои медиуми дека Факултетот го отфрлил предлогот на Министерството за образование за воведување државен испит во високото образование.

– Имено, ја информираме јавноста дека Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ) се уште нема одржано седница на деканската управа на која ќе биде расправано по однос на предлогот за воведување на државен испит, па оттаму изнесениот став во дел од медиумите не може да биде и не е официјален став на Факултетот, стои во соопштението што Факултетот денеска го упати во јавноста.

Факултетот апелира за воздржување за изнесување на поеинечни ставови и нивно претставување како официјален став на целиот колектив на Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ).