Финска ги засили воздушните граници поради руската авијација во Балтикот

Финска го засили обезбедувањето на своите воздушни граници заради „невообичаено високата активност“ на руската воена авијација во Балтичкиот регион, се посочува во вчера лиферуваното коминике на финските военовоздухопловни сили, пишува МИА.

„Во последните неколку дена значително се зголемени активноста на руската воена авијација во регионот на Финскиот залив и Балтичко Море. Не беше утврдено нарушување на воздушните граници на Финска“, се посочува во коминикето.

Според податоците на финските воено-воздухопловни сили летовите на руската авијација се изведуваат од воените бази во Русија во правец на Калининград и обратно, по маршрути преку Балтикот.

Меѓу авионите биле забележани и бомбардери, и ловци и транспортни авиони.

„Заради овие појави Финска го засили обезбедувањето на своите воздушни граници и презеде соодветни мерки“, забележаа финските ВВС.

– Тринаесет руски воени авиони во неделата прелетале над Балтичко Море во меѓународниот воздушен простор, во близина на границите на НАТО, изјави за ТАСС портпаролката на Алијансата, Оана Лунџеску

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.