Финска најавува протерување на 20.000 бегалци

По Шведска и Финска план за протерување на 20.000 бегалци кои побарале азил.

Финската Влада соопшти дека ќе го одбие барањето на 20.000 од 32.000 бегалци, колку што пристигнале во текот на 2015 година.

Претставник на Владата, Паиви Нерг, рече дека тоа се две третини од мигрантите кои ќе бидат одбиени.

Минатата година Финска ги заостри процедурите за добивање азил на мигрантите кои доаѓаат од Ирак, Авганистан и Сомалија, бидејќи според нивните тврдења, ситуацијата во тие земји се подобрила.

Финска планира да направи одвоен транзитен центар за оние кои ќе бидат депортирани и друг центар за оние кои по своја волја сакаат да заминат од земјата.

Таа одлука Финска ја донесе откако Шведска објави дека ќе депортира 80.000 луѓе на кои им е одбиено барањето за азил.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.