Финска не и’ го простува долгот на Грција

Финскиот премиер Александер Стуб во интервју за Фајненшал тајмс изјави дека Финска е решително против било каков обид за отпис на долгот кој го има Грција.

-Ние сме одлучни да кажеме „не“ за отпишување на грчкиот долг, предупреди Стуб.

Тој додаде дека за Финска апсолутно неприфатливи се изјави на грчки партии за финансиската помош на Грција.

Главната опозициска партија во Грција – радикалната левица Сириза, неколкупати објавуваше дека ако победи на изборите на 25 јануари ќе почне преговори за преразгледуавње на договорите со кредиторите на Грција.