Анализи

Експеиментот со основниот приход продолжува во Холандија Финска нема повеќе да им дава по 560 евра на невработените

Финска нема повеќе да им дава по 560 евра на невработените

Финската влада одлучи по крајот на годината да не го продолжи пилот- проектот за оправданоста од воведување на т.н. основен приход, во која беа вклучени две илјади невработени граѓани кои примаа  месечно по 560 евра без оглед дали нашле работа или не.

Решителноста на Владата да го продолжи овој проект полека исчезнува. Тие одбија дополнително финансирање на проектот. Јас сум малку разочаран во врска со тоа”, изјави за ББЦ професорот Оли Кангас, истражувач во Институтот за социјално осигурување во Кели и еден од авторите на проектот.

Тој потенцира дека барал да се обезбедат дополнителни 40 до 70 милиони евра за финансирање на основниот приход за група вработени лица.

Миска Симанаинен, уште еден истражувач на Институтот истакна дека реформата на социјалните системи продолжувада биде политичката агенда во Финска, но дека се води дискусија и за други социјални модели.

Една од овие модели е негативниот данок кој, во една форма, се базира на идејата дека оние со мали плати кои поради ниските приходи не плаќаат данок, всушност, за тој дел од даночните бенефиции што тие не можат да го користат поради ниските приходи, добиваат поврат на парите.

Предизвикот е да се најде ефективен систем што ќе ги поттикнува луѓето да најдат работа, но не и да се зголеми нееднаквоста, изјави по тој повод Тулиа Хакола Уситало од министерството за финансии.

Кога Финска го започна проектот во јануари 2017 година, невработеноста изнесуваше 9,2 отсто, што е највисока меѓу нордиските земји, така што ова, заедно со прекумерната комплексност на финскиот социјален систем, беше причината за пилот-проект кој ќе биде завршен во декември годинава, а резултатите ќе бидат објавени до крајот на 2019 година.

Воведувањето на основниот или универзално гарантираниот приход има неколку модели и моментално во Европа се вршат серија на слични експерименти, но се разликуваат во зависност од тоа  дали се наменети само за невработените се додека не најдат работа или се однесуваат на вработените и невработените, дали ги заменуваат сите форми на социјално осигурување, вклучувајќи и пензија или се само замена за неколку мерки за социјална заштита, како што се надокнада за невработеност и лошата имотна состојба.

Причината за овие експерименти се растечката несигурност за вработувања, особено поради т.н. економија на делење, но и стравот за можното намалување на бројот на работници поради автоматизацијата.

Освен академските и политички застапници на овие иницијативи и некои големи компании, бизнисмени и милијардери, како што се Елон Маск, Марк Цукерберг, се заинтересирани за овие екперименти.

Инвеститорот Сем Алтман, основач на Y Combinator, започна експеримент во кој се вклучени 3.000 граѓани од две држави на САД, а од нив по случаен избор ќе бидат избрани 1.000 кои ќе примаат илјади долари за период од три до пет години. Во тоа време ќе се анализира нивното однесување и трошењето на  пари во споредба со 2.000 граѓани кои нема да добиваат таков основен приход.

Граѓаните на Швајцарција, пак, на референдум лани го отфрлија предлогот за воведување на загарантирани основни приходи за сите, а кој би изнесувал 2.558 американски долари за возрасни и 625 американски долари за секое дете. Предлог не пројде на референдумот и поради тоа што, меѓу другото, Швајцарската влада објави препорака- што е нормална процедура на власта при секој референдум- со кој на граѓаните им препора да ја одбие таквата идеја бидејќи тоа би можело да има „значителни негативни ефекти врз швајцарската економија и социјалниот систем“.

На експериментот за воведување на основен приход се одлучиле и во Холандија, односно градот Утрехт и уште неколку други, кои исто така почнаа да го спроведуваат од 1 јануари 2017 година, а тоа е модел кој е на половина пат меѓу финските и швајцарскиот.

Според Рутгер Бергман, автор на книгата „Утопија за реалисти- универзален основен приход”, причината зошто тие се во Утрехт се одлучиле за овој експеримент е фрустрацијата која произлегла од програмите за работа на корисниците на социјална помош за кои се испоставило дека се исклучително скапи, но и понижувачки за корисниците

Како дел од овој експеримент, една група на корисници ќе добијат основен приход-  972 евра за едно лице и 1.389 евра за пар, но ќе останат во статусот на старата социјално работна програма, со сите долќности и „ казни “,  а другата група ќе излезе од програмата и ќе ги добие истите пари безусловно. Третата група, исто така, ќе добие пари безусловно, но со поттик од 125 евра, ако доброволно работат на некои програми, а четвртата група ќе ги добие истите пари обрска за  дополнителна волонтерска работа, но тие 125 евра ќе ги изгубат ако престанат со доброволна работа. Конечно, петтата група ќе го добие приходот без субвенцијата од 125 милиони евра, но ќе бидат во можност да заработат дополнително од други работни места, ако сакаат да работат. Слични експерименти ќе бидат спроведени во Тилбург, Гронинген и Нијмеген, а заедничко за сите нив е одговор на прашањето како да се најде модел кој ќе им помогне на корисниците на социјална помош да не се плашат дека ќе ја загубат веднаш штом ќе најдат работа.

Интересно е тоа што Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), во која членуваат 35 развиени земји, во почетокот на февруари објави истраќување во кое е спореден универзалниот кредитен систем кој беше воведен во Велика Британија со проектот на основен приход во Финска. Тие пресметале дека, доколку се воведе концептот на основен приход на ниво на целата територија на Финска, тоа би значело зголемување на персоналниот данок на доход до 30 проценти, би се зголемила нееднаквоста и би се покачила стапката на сиромаштија од 11,4 на 14,1 отсто. Во Велика Британија, пак, каде универзалниот систем на кредити всушност заменува неколку социјални мерки со една реченица, се намалува комплексноста на социјалниот систем, додека стапката на сиромаштија би се намалила на 9,7 проценти.